Skip to content

Безбедност и здравје при работа

health-and-safety

Во согласност со Законот за безбедности здравје при работа ЛМ Безбедност е Овластена фирма од Министерството за труд и социјална политика и поседува Лиценца за вршење на стручна дејност од оваа област.

Овој закон ги утврдува мерките за безбедноста и здравјето при рaбота, обврските на работодавачот и правата и обврските на вработените од областа на безбедноста и здравјето при работа.

 

 

Цел на безбедност и здравје при работа

Целта на Безбедноста и здравјето при работа е:

  • подобрување на заштитата на работното место и смалување на ризиците при работа
  • поттикнување на свеста на вработените за потреба од соодветна заштита, а со тоа и смалување на бројот на несреќни случаи, повреди на работно место, професионални болести и болести во врска со работата
  • унапредување и заштита на здравјето на работниците предизвикано од условите на работната средина
  • создавање на здрава хумана работна средина со подобрување на комуникацијата меѓу работниците и работодавачите, поттикнување на мотивацијата на вработените и зголемување на задоволството од работа
  • намалување на трошоците на работодавачот и зголемување на профитот на компанијата

Работодавачот има обврска да ја обезбеди безбедноста и здравјето при работа за неговите вработени од секој аспект поврзан со работата, вклучувајќи заштита од професионални ризици, обезбедување информации и обука и обезбедување соодветна организација и потребни средства.

Мерки за безбедноста и здравјето при работа

Работодавачот мора да обезбеди мерки за безбедноста и здравјето при работа особено со:

  • назначување на едно или повеќе стручни лица за безбедност
  • ангажирање на овластена здравствена установа за вршење стручни задачи за здравје при работа
  • донесување на безбедносни мерки против пожар во согласност со посебни прописи
  • донесување мерки за прва помош и евакуација во случај на опасност
  • обука на вработените за безбедно извршување на работата врз основа на сопствена програма
  • обезбедување опрема за лична заштита за вработените и нејзината употреба, доколку преземените безбедносни мерки во работната средина не се доволни
  • вршење повремени прегледи и испитување на работната средина и опрема
  • следење на здравствената состојба на вработните
 

Работодавачот кој нема вработено Стручно лице за безбедност и здравје при работа, обврските и работите за безбедноста и здравјето при работа утврдени со овој закон, може да ги довери на овластени правни или физички лица.

ЛМ Безбедност се наоѓа во центарот на скопје, во зградата на МедикаС, и има Овластени Стручни лица кои се спремни да одговорат на вашите барања.

Контактирајте не за да добиете подетални информации