Skip to content

Обуки за безбедност и здравје при работа

Обуки за безбедност и здравје при работа

 

Во согласност со Законот за безбедност и здравје при работа, работодавачот е должен на секој вработен да му обезбеди соодветни обуки за безбедност и здравје при работа.

Обука на вработените мора да се изврши :

  • при вработување
  • во случај на преместување на ново работно место
  • во случај на воведување на нова технологија или нови средства за работа
  • во случај на секоја измена на работниот процес која може да го промени нивото на безбедноста и здравјето при работа

Обуката подразбира теоретско и практично оспособување на вработените за безбедно извршување на работата и се спроведува во работно време кај работодавачот или на друго место.

 

 

 

На работниците кои работата на работни места каде што има зголемена опасност од настанување на повреди при работа и професионални заболувања, работодавачот е долженна секои три години да обезбеди проверка на оспособеноста за безбедност и здравје при работа.

ЛМ Безбедност поседува Лиценца за извршување на дејноста Безбедност и здравје при работа и е овластена фирма од Министерството за труд и социјална политика за вршење на едукација на вработените за безбедна работа.

Вршиме теоретска и практична обука на вработените за правилно користење на опремата и средсвата за работа, како и практична демонстрација за правилна употреба на личните заштитни средства.

Екипа од стручни лица ќе ве посети на терен и ќе направи обука прилагодена на специфичноста на работата со која се занимавате.

По завршувањето на обуката вработените добиваат Уверение за помината обука од областа Безбедност и здравје при работа.

ЛМ Безбедност се наоѓа во центарот на скопје, во зградата на МедикаС, и има Овластени Стручни лица кои се спремни да одговорат на вашите барања.

Контактирајте не за да добиете подетални информации