Skip to content

Испитувањa

Испитувања

Законска норма

Согласно Законот за безбедност и здравје при работа работодавачот е должен да изврши испитувања на работното место, работната околина и средствата за работа.

Работодавачот е должен средствата за работа да ги одржува во исправна состојба, да ја проверува исправноста и безбедноста за работа со повремени прегледи и испитувања кои ги врши на начин и во рокови пропишани со актот што тој го донесува, односно со упатството на производителот, техничките прописи и стандарди. 

Работодавачот е должен средствата за работа да ги одржува во исправна состојба, да ја проверува исправноста и безбедноста за работа со повремени прегледи и испитувања кои ги врши на начин и во рокови пропишани со актот што тој го донесува, односно со упатството на производителот, техничките прописи и стандарди.

Цел

Целта на Безбедноста и здравјето при работа е:

Ако со упатството на производителот и со другите прописи не се предвидени други рокови, средствата за работа треба да бидат прегледани и ипситани :

  • пред првата употреба
  • по реконструкција или хаварија
  • по преместувањето од едно на друго место (дигалка и слично)

Во употреба не смеат да бидат ставени средства за работа кои не се прегледани и испитани за безбедно работење, односно ако не се исправни за безбедна работа.

Работодавачот е должен во работните и помошните простории во кои се одвиваат технолошките процеси да врши испитување на хемиските, биолошките и физичките штетности, микроклимата и осветленоста.

Микроклиматските испитувања 

Микроклиматските испитувања мора да се вршат во летниот и зимскиот период за време на работниот процес.

Испитувањето на условите во работната средина треба да се изврши најдоцна во рок од една година од денот на започнувањето со работа, односно по секоја промена на технолошкиот процес, реконструкција на објектот, реконструкција на системот на вентилација, греење и климатизација или по извршената измена на технолшката опрема.

ЛМ Безбедност е овластена фирма да врши редовни и контролни прегледи на условите во работната средина како и редовни и контролни прегледи и испитувања на работната опрема.

ЛМ Безбедност ги изведува следните испитувања:

1. Испитување на условите во работната средина

  • Испитување на микролкиматските услови
  • Испитување на физичките штетности (бучава, осветленост..)
  • Испитување на хемиските штетности Испитување на електричната инсталација
  • Испитување на громобранската инсталација

2. Испитување на средствата за работа

ЛМ Безбедност се наоѓа во центарот на скопје, во зградата на МедикаС, и има Овластени Стручни лица кои се спремни да одговорат на вашите барања.

Контактирајте не за да добиете подетални информации