Skip to content

Обуки за прва помош

Обуки за прва помош​

 

Закон за обуки за прва помош

Во согласност со Законот за Безбедност и здравје при работа, на секое работно место и во работни простории во кои истовремено работат до 20 вработени, најмалку еден од нив мора да биде оспособен за давање на прва помош. Доколку има повеке вработени, на секои 20 вработени потребно е да има најмалку уште по еден обучен за давање на прва помош.

 

 

Обуки за прва помош се изведуваат во соработка со ПЗУ Поликлиника МедикаС– подружница Специјалистичка ординација по медицина на трудот Скопје, која е овластена поликлиника од Министерството за здравство за вршење на обуки за прва помош, односно работите предвидени од член 20 од Законот за Безбедност и здравје при работа.

ЛМ Безбедност се наоѓа во центарот на скопје, во зградата на МедикаС, и има Овластени Стручни лица кои се спремни да одговорат на вашите барања.

Контактирајте не за да добиете подетални информации