
Во согласност со Законот за безбедности здравје при работа ЛМ Безбедност е Овластена фирма од Министерството за труд и социјална политика и поседува Лиценца за вршење на стручна дејност од оваа област.
Овој закон ги утврдува мерките за безбедноста и здравјето при рaбота, обврските на работодавачот и правата и обврските на вработените од областа на безбедноста и здравјето при работа.
Цел на безбедност и здравје при работа
Целта на Безбедноста и здравјето при работа е:
- подобрување на заштитата на работното место и смалување на ризиците при работа
- поттикнување на свеста на вработените за потреба од соодветна заштита, а со тоа и смалување на бројот на несреќни случаи, повреди на работно место, професионални болести и болести во врска со работата
- унапредување и заштита на здравјето на работниците предизвикано од условите на работната средина
- создавање на здрава хумана работна средина со подобрување на комуникацијата меѓу работниците и работодавачите, поттикнување на мотивацијата на вработените и зголемување на задоволството од работа
- намалување на трошоците на работодавачот и зголемување на профитот на компанијата
Работодавачот има обврска да ја обезбеди безбедноста и здравјето при работа за неговите вработени од секој аспект поврзан со работата, вклучувајќи заштита од професионални ризици, обезбедување информации и обука и обезбедување соодветна организација и потребни средства.
Мерки за безбедноста и здравјето при работа
Работодавачот мора да обезбеди мерки за безбедноста и здравјето при работа особено со:
- назначување на едно или повеќе стручни лица за безбедност
- ангажирање на овластена здравствена установа за вршење стручни задачи за здравје при работа
- донесување на безбедносни мерки против пожар во согласност со посебни прописи
- донесување мерки за прва помош и евакуација во случај на опасност
- обука на вработените за безбедно извршување на работата врз основа на сопствена програма
- обезбедување опрема за лична заштита за вработените и нејзината употреба, доколку преземените безбедносни мерки во работната средина не се доволни
- вршење повремени прегледи и испитување на работната средина и опрема
- следење на здравствената состојба на вработните
Работодавачот кој нема вработено Стручно лице за безбедност и здравје при работа, обврските и работите за безбедноста и здравјето при работа утврдени со овој закон, може да ги довери на овластени правни или физички лица.