
Изјава за безбедност за секое работно место се изготвува после извршената проценка на ризик на работните места . Изјавата за безбедност ги опишува карактеристиките на работниот процес, содржи идентификација на опасностите и пропишува соодветни мерки за заштита, прецизирајќи го и начинот на кој мерките треба да се преземат.
Изјавата за безбедност со проценка на ризикот на работното место и работната средина, потребно е да се променат и дополнат во случај на:
-Промена на условите на работа и појава на нови опасности на работното место и во работната средина
-Кога постојните мерки за намалување и отстранување на ризикот не се доволни и не одговараат на проценетата состојба
-При тешки повреди на работното место кои може да се проследени со фатални последици и смртен исход