Согласно Законот за безбедност и здравје при работа работодавачот е должен да изврши испитувања на работното место, работната околина и средствата за работа.
Работодавачот е должен средствата за работа да ги одржува во исправна состојба, да ја проверува исправноста и безбедноста за работа со повремени прегледи и испитувања кои ги врши на начин и во рокови пропишани со актот што тој го донесува, односно со упатството на производителот, техничките прописи и стандарди.

Целта на Безбедноста и здравјето при работа е:
Ако со упатството на производителот и со другите прописи не се предвидени други рокови, средствата за работа треба да бидат прегледани и ипситани :
Во употреба не смеат да бидат ставени средства за работа кои не се прегледани и испитани за безбедно работење, односно ако не се исправни за безбедна работа.
Работодавачот е должен во работните и помошните простории во кои се одвиваат технолошките процеси да врши испитување на хемиските, биолошките и физичките штетности, микроклимата и осветленоста.
Микроклиматските испитувања мора да се вршат во летниот и зимскиот период за време на работниот процес.
Испитувањето на условите во работната средина треба да се изврши најдоцна во рок од една година од денот на започнувањето со работа, односно по секоја промена на технолошкиот процес, реконструкција на објектот, реконструкција на системот на вентилација, греење и климатизација или по извршената измена на технолшката опрема.
ЛМ Безбедност е овластена фирма да врши редовни и контролни прегледи на условите во работната средина како и редовни и контролни прегледи и испитувања на работната опрема.
ЛМ Безбедност ги изведува следните испитувања: