Процена на ризик

Согласно Законот за Безбедност и здравје при работа, работодавачот треба да изврши Проценка на ризик на работните места, да направи преглед на опремата за работа, да изврши периодични мерења и да изготви Изјава за безбедност.

Со оглед на тоа дека не постои ниту едно работно место без опасност и ризик од настанување на повреда при работа или професионална болест, целта на проценката на ризикот е насочена кон намалување на ризиците при работа, отстранување на штетните влијанија при работниот процес и подобрување на заштитата на работното место.

Законска обврска на работодавачот е да направи испитувања во работната средина и да утврди кои се потенцијалните опасности при работниот процес кои може да доведат до несреќни случаи, повреди при работа, професионални заболувања или болести во врска со работата. Соодветво на тоа ќе треба да превземе соодветни мерки за отстранување на потенцијалните ризици. Проценката на ризикот е насочена кон заштитување на вработените, како и кон заштита на самата компанија од непредвидени и неконтролирани настани како и финансиски трошоци.

Проценката на ризикот ја изведува тим од Стручни лица за безбедност и здравје при работа, Доктори специјалисти по медицина на трудот, Експерти од повеќе различни области, а вклучени се и самите работници и нивниот Претставник за безбедност и здравје при работа.

Екипа на Стручни лица и Експерти од повеќе области од ЛМ Безбедност излегува на терен, ги прави сите потребни испитувања во вашата компанија, вршат идентификација на опасностите и Проценка на ризикот на соодветните работни места . Проценката на ризикот ја вршиме и во соработка со ПЗУ Поликлиника Медика- подружница Специјалистичка ординација по Медицина на трудот –Скопје и Биохемиска лабораторија Медика, која е Овластена Поликлиника од Министерството за здравство за извршување на работите предвидени со член 20 од Законот за Безбедност и здравје при работа.

По извршената проценка на ризик на работните места се изготвува Изјава за безбедност за секое работно место. Изјавата за безбедност ги опишува карактеристиките на работниот процес, содржи идентификација на опасностите и пропишува соодветни мерки за заштита, прецизирајќи го и начинот на кој мерките треба да се преземат. Изјавата за безбедност со проценка на ризикот на работното место и работната средина, потребно е да се променат и дополнат во случај на:

-промена на условите на работа и појава на нови опасности на работното место и во работната средина

-кога постојните мерки за намалување и отстранување на ризикот не се доволни и не одговараат на проценетата состојба

-при тешки повреди на работното место кои може да се проследени со фатални последици и смртен исход

 

Лиценца за работа

picture За сите услуги кои ги нуди, компанијата поседува соодветна лиценца и е овластена од Министерството за труд и социјална политика.

© ЛМ Безбедност

 

 

Контактирајте не

Телефони:070/236-350, 076/236-350

Email:info@lmbezbednost.com

За подетални информации, одете на контакт страната