Безбедност и здравје при работа

Безбедност и здравје при работа

Во согласност со Законот за безбедности здравје при работа ЛМ Безбедност е Овластена фирма од Министерството за труд и социјална политика и поседува Лиценца за вршење на стручна дејност од областа за Безбедност и здравје при работа.

Законот за Безбедност и здравје при работа ги утврдува мерките за безбедност и здравје при рaбота, обврските на работодавачот и правата и обврските на вработените од областа на безбедноста и здравјето при работа.

Целта на Безбедноста и здравјето при работа е:

-подобрување на заштитата на работното место и смалување на ризиците при работа

-поттикнување на свеста на вработените за потреба од соодветна заштита, а со тоа и смалување на бројот на несреќни случаи, повреди на работно место, професионални болести и болести во врска со работата

-унапредување и заштита на здравјето на работниците предизвикано од условите на работната средина

-создавање на здрава хумана работна средина со подобрување на комуникацијата меѓу работниците и работодавачите, поттикнување на мотивацијата на вработените и зголемување на задоволството од работа

-намалување на трошоците на работодавачот и зголемување на профитот на компанијата

Работодавачот има обврска да обезбеди безбедност и здравје при работа за неговите вработени од секој аспект поврзан со работата, вклучувајќи заштита од професионални ризици, обезбедување информации и обука и обезбедување соодветна организација и потребни средства.

Работодавачот мора да обезбеди мерки за безбедност и здравје при работа особено со:

- назначување на едно или повеќе стручни лица за безбедност

- ангажирање на овластена здравствена установа за вршење стручни задачи за здравје при работа

- донесување на безбедносни мерки против пожар во согласност со посебни прописи

- донесување мерки за прва помош и евакуација во случај на опасност

- обука на вработените за безбедно извршување на работата врз основа на сопствена програма

- обезбедување опрема за лична заштита за вработените и нејзината употреба, доколку преземените безбедносни мерки во работната средина не се доволни

- вршење повремени прегледи и испитување на работната средина и опрема

- следење на здравствената состојба на вработните

Работодавачот кој нема вработено Стручно лице за безбедност и здравје при работа, обврските и работите за безбедноста и здравјето при работа утврдени со овој закон, може да ги довери на овластени правни или физички лица.

ЛМ Безбедност има свои Овластени Стручни лица за безбедност и здравје при работа кои може да бидат ангажрани од страна на вашата фирма.

 

Лиценца за работа

picture За сите услуги кои ги нуди, компанијата поседува соодветна лиценца и е овластена од Министерството за труд и социјална политика.

© ЛМ Безбедност

 

 

Контактирајте не

Телефони:070/236-350, 076/236-350

Email:info@lmbezbednost.com

За подетални информации, одете на контакт страната